Friday, November 21, 2014

Некои можности на опциите Template и Layout


Вашиот блог може да има многу поинтересен, поорганизиран и попрофесионален изглед. За блогот да ги постигне овие квалитети, за почеток може да се употребат опциите Temlate и Layout.
Откако ќе се најавите на blogger.com и откако ќе отидете на вашиот блог, меѓу другото, на левата страна се појавува следново мени:
Одете на Template. Веднаш десно се појавува копче Customize со портокалова боја. Кликнете на него. На страната горе лево се појавува ново мени:
Опцијата Template овозможува да се менува веќе избраниот изглед на блогот.
Опцијата Background овозможува да се менуваат некои од боите на блогот, меѓу кои и боите на буквите. Внимавајте, ако имате одбрано темплејт со слика, може да се случи да нема никакви или речиси никакви измени.
Опцијата Adjust width овозможува да се менуваат ширините на полето за текст и десниот дел од полето, каде што се наоѓаат линковите.
Опцијата Layout, во делот на Body Layout овозможува да се избере дали ќе има дополнителни колони во блогот, колку ќе бидат и каде ќе бидат распоредени. Во делот на Footer Layout, може да се бира колку колони ќе има во долниот дел (во футерот).
Во Опцијата Advanced, овозможено е да се менува изгледот на сите елементи од блогот.

Изгледот на блогот со внесената промена или промени, може да се види со кликнување на копчето View blog, кое се наоѓа горе десно. Откако ќе се одберат сите дотерувања што треба да бидат внесени во блогот, се кликнува на копчето Apply to Blog, кое се наоѓа во крајниот горен десен агол.

Со кликнување на Back to blogger, се враќа на страната со првото мени. Оттука, со кликнување на Layout се отвора следново поле:
Со кликнување на копчето Add a Gadget, се отвора следново прозорче:
Во прозорчето постојат три списоци со гаџети: Basics, More Gadgets и Add your own. Она што веројатно, секој почетник го користи највеќе е списокот Basic, кој моментално содржи 28 гаџети. Тие овозможуваат вметнување на разни копчиња. Некои од нив се: копче за автоматско преведување на блогот, линк кон Google+, линк кон e-mail адреса, список со популарни постови, статистика на посетители, линк кон другите страни од блогот, копче за претражување, список со линкови кон други надворешни веб страни, документи и друго.
На пример, ако се одбере опцијата Link List, која овозможува да се направат линкови кон било што, се појавува прозорчето:
Во полето Title може да се внесе името на таа група линкови (како што на блогот на работилницата стои насловот Материјали). Во полето New Site Name се впишува насловот на тој линк, оној кој ќе се појави на блогот (како што на блогот на работилницата стои 1. Блогирање). Во полето New Site URL се впишува адресата на линкот каде што се наоѓа бараниот материјал или веб страна. На крајот МОРА да се кликне на копчето Add Link. Со тоа линкот е додаден во списокот. Внимавајте на подредувањето. Секој нов линк Blogger го сместува на врвот на списокот. Во Sorting, може да се одбере линковите автоматски да се подредат по абучен ред, обратен азбучен ред или да не се подредува. Ако е потребно некое друго подредување, тогаш списокот треба однапред да се испланира и да се внесат линковите од последниот кон првиот.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: пред да се излезе од прозорчето на гаџетот мора да да се кликне на копчето Во спротивно, она што е одбрано нема да биде вметнато во Layout.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: На крајот, откако ќе се излезе од прозорчето на гаџетот, мора да се кликне на копчето за да се вметнат сите измени во блогот.

Блогот може да содржи и други страни (Pages) и линкот кон нив да се внесе од списокот со гаџети.
Како се креираат други страни ќе биде објавено на овој блог за неколку дена. Во меѓувреме вежбајте ги можностите од Template и Layout, кои се дадени во овој пост.



1 comment:

  1. Одлично објаснато! Ептен Ви благодарам ...

    ReplyDelete