Monday, December 15, 2014

Како да креирате нови страни

Понекогаш имате потреба од други веб страни кои ќе бидат дел од вашиот блог. Сакате материјалите да ги организирате така, што да имате посебни страни за секоја генерација, паралелка, тема и слично. Сакате да имате посебни страни за тестови, активности, домашни задачи, за дополнителни активности, за фотографии од случки... Слично како што овој блог има уште две страни во списокот кој се вика ПРЕТХОДНИ РАБОТИЛНИЦИ, а кои се наменети на првата работилница и втората работилница одржани во 2012 и 2013 година.

Вашиот блог може да содржи повеќе од една страна. Тоа можете да го направите на следниов начин.
1. Најавете се на blogger.com со вашето  корисничко име.
2. Ако имате повеќе блогови, ќе се појави списокот со сите ваши блогови. Кликнете на името на вашиот блог, на кој сакате да му додадете нови веб страни.
3. Ќе се појави веќе добро познатото мени
4. Кликнете на опцијата Pages. Се отвора ново мени веднаш под насловот на вашиот блог.
5. Кликнете на опцијата New Page. Се отвора ново работно поле. Во него можете да работите исто како што работевте со "старата" страна. Се отвора можноста за Page title, каде што всушност го ставате името на вашиот пост од новата страна и можете да додадете нов текст во белото празно поле.
6. Кликнете на Save (десно), за да го зачувате и Publish (веднаш до Save) за да ја објавите вашата нова страна, односно да ја направите активна.
7. Вашата нова страна автоматски добива своја адреса. За да ја видите како изгледа, донесете го курзорот врз името на вашиот нов пост. Веднаш под него се отвораат можностите за Edit, View, Share и Delete. Кликнете на View и ќе се отвори ново јазиче (tab), во кој ќе ја видите вашата нова страна.
За да можете лесно да и приоѓате на страната можете да си направите линк од старата кон новата страна ина тој начин да ја направите дел од вашиот блог.
8. Кликнете на Layout. Се отвора веќе познатото поле кое претходно го користевте за да направите линкови кон вашите материјали што ги објавивте на блогот.
9. Кликнете на Add a Gadget. Оваа постапка веќе ја имавте претходно. Се отвора ново прозорче со сите гаџети на располагање.
10. Скролувајте надолу по списокот се додека не дојдете до опцијата Pages. Се отвора призорче со список на сите страни (Pages to show) кои се на располагање. Чекирајте го квадратчето покрај името на страната чиј линк сакате да креирате.
11. Кликнете на Save. Затворете го тоа прозорче.
12. Автоматски се вративте назад на Layout. ЗАДОЛЖИТЕЛНО кликнете на опцијата Save arrangements горе десно, за да ги зачувате промените кои ги направивте.
13. Отворете го вашиот блог. Во десниот крај од блогот ќе ги видите линковите на сите страни кои сте ги активирале во гаџетот.

Уживајте во блогирањето!

No comments:

Post a Comment