Четврта работилница

Драги млади истражувачи, сите оние кои се пријавија за работилницата а не оставија e-mail и телефонски број ве молам да ги испратите тие податоци на 
Така ќе можеме да ве контактираме и известуваме редовно. Ви благодарам.




Драги ученици и колеги,
Работилницата за современа настава оваа година е посветена на учениците и оди под наслов

Истражуваме и се забавуваме!


Соочени со сите промени кои се случија во наставата по физика и природни науки во основното образование, решивме да дадеме свој придонес во преминот кон новините и олеснување барем на дел од проблемите кои притоа се јавија.

Поради тоа, оваа година Работилницата ќе организира лабораториски активности за учениците од основното образование. Учениците ќе можат да изберат различни експерименти, демонстрации и истражувања кои се во согласност со актуелната програма по физика за осмо и девето одделение, од прво и второ полугодие. Можат да се пријават ученици од петто до девето одделение. Се разбира, оваа работилница нема да има улога на дополнителна настава.

Со учениците ќе работат искусни наставници и професори од Природно-математичкиот факултет, а на децата ќе им помагаат студенти од четврта година на студии по наставна физика и двопредметни студии по математика-физика. Учениците ќе добијат сертификат за нивното учество.

Работилницата ќе се реализира во периодот од 11. до 19. јануари 2017 година. Учениците, при регистрација треба да одберат кој ден сакаат да учествуваат. Работилницата ќе работи во деновите кои се наведени во формуларот за регистрација, во време од 10:00 до 13:00 часот. Регистрацијата е on-line и можете да ја направите овде За учество на Работилницата учениците треба да уплатат котизација ПП50 формулар.
Бидејќи секој ученик ќе изведува експеримент и истражување, а капацитетот на лабораторијата не е голем, бројот на учесници е ограничен.

Бидејќи Работилницата предвидува десетина активности, кои не е можно да се завршат за еден ден, учениците можат да учествуваат и повеќе од еден ден, но за тоа треба да пополнат нова пријава за регистрација и нова уплата за котизација. Уплатата на котизацијата за повеќе денови може да биде на една уплатница.


No comments:

Post a Comment