Петта работилница

На 28.10.2017 година, ќе се одржи последната сесија од Петтата Работилница за современа настава по физика во ова полугодие. Оние кои се заинтересирани и понатаму можат да се пријават со пополнување на електронскиот формулар кој можете да го најдете ОВДЕ.

Во ноември активностите продолжуваат во рамките на манифестацијата Ноември - Месец на науката. Повеќе информации за овој настан можете да најдете на веб страната на Сојузот на хемичарите и технолозите, кој е непосреден организатор оваа година (http://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2017.htm).

Работилницата повторно продолжува со своите активности во јануари 2018 година, во текот на зимскиот распуст.

                                                                                                                                                                

На 14.10.2017, сабота се одржа третата сесија од Петтата Работилница за современа настава по физика. Наредната сабота, 21.10.2017 Работилницата ќе паузира, затоа што тоа е долг викенд. Работилницата продолжува со четвртата сесија на 28.10.2017. Регистрација можете да направите онлајн ОВДЕ.
Подолу, на фотографиите можете да видите дел од активностите.
 






                                                                                                                                                               

На 30.09.2017 година, се одржа првата сесија од Петтата Работилница за современа настава по физика.
Учениците работа експерименти и истражувања кои беа во согласност со наставните програми по физика за соодветните одделенија.
Работилницата продолжува со работа секоја сабота. Регистрацијата можете да ја направите онлајн ОВДЕ.
Неколку фотографиии од првата сесија.



                                                                                                                                            



Овогодишната Работилница за современа настава е посветена на наставната програма по физика според Кембриџ и ќе оди под наслов


Физика во лабораторија

Главниот проблем на учење по програмата креирана од Меѓународниот центар Кембриџ е намaње ученички истражувачки капацитети. Оваа Работилница ќе се обиде да го ублажи тој проблем, со тоа што ќе ги отвори вратите на лабораториите на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Активностите се креирани во согласност со наставната програма и ќе бидат работени по тој редослед. Дел од нив се проширени, затоа што сметаме дека за нив е потребно малку пошироко познавање, за да можат учениците полесно да ги разберат и совладаат соодветните појави и физички поими.

На Работилницата може да се пријават ученици од 8. и 9. одделение, но и ученици од 1. година средно образование.

Со учениците ќе работат искусни наставници од Природно-математичкиот факултет, заедно со студенти од четврта година на студии по наставна физика и двопредметни студии по математика-физика.

Работилницата ќе се реализира во саботите од 10:00 до 13:00 часот. Учениците при регистрација треба да ги одберат датумите кога сакаат да учествуваат. Во формуларот ќе бидат наведени датумите од тековниот месец. Пред почетокот на секој месец ќе се објавува нов формулар со датумите за наредниот месец. Работилницата ќе започне на 30.09.2017 година со почеток во 10:00 часот. Децата треба да понесат само прибор за пишување. Регистрацијата е on-line и можете да ја направите ОВДЕ. За учество на на еден ден од Работилницата треба да се уплати котизација од 250 ден. на ПП50 формулар, како што е прикажано на долната слика. Уплатата на котизацијата за повеќе денови може да биде на една уплатница.

Поради мал капацитет на лабораторијата, бројот на учесници е ограничен.



No comments:

Post a Comment