Monday, December 15, 2014

Како да креирате нови страни

Понекогаш имате потреба од други веб страни кои ќе бидат дел од вашиот блог. Сакате материјалите да ги организирате така, што да имате посебни страни за секоја генерација, паралелка, тема и слично. Сакате да имате посебни страни за тестови, активности, домашни задачи, за дополнителни активности, за фотографии од случки... Слично како што овој блог има уште две страни во списокот кој се вика ПРЕТХОДНИ РАБОТИЛНИЦИ, а кои се наменети на првата работилница и втората работилница одржани во 2012 и 2013 година.

Вашиот блог може да содржи повеќе од една страна. Тоа можете да го направите на следниов начин.
1. Најавете се на blogger.com со вашето  корисничко име.
2. Ако имате повеќе блогови, ќе се појави списокот со сите ваши блогови. Кликнете на името на вашиот блог, на кој сакате да му додадете нови веб страни.
3. Ќе се појави веќе добро познатото мени
4. Кликнете на опцијата Pages. Се отвора ново мени веднаш под насловот на вашиот блог.
5. Кликнете на опцијата New Page. Се отвора ново работно поле. Во него можете да работите исто како што работевте со "старата" страна. Се отвора можноста за Page title, каде што всушност го ставате името на вашиот пост од новата страна и можете да додадете нов текст во белото празно поле.
6. Кликнете на Save (десно), за да го зачувате и Publish (веднаш до Save) за да ја објавите вашата нова страна, односно да ја направите активна.
7. Вашата нова страна автоматски добива своја адреса. За да ја видите како изгледа, донесете го курзорот врз името на вашиот нов пост. Веднаш под него се отвораат можностите за Edit, View, Share и Delete. Кликнете на View и ќе се отвори ново јазиче (tab), во кој ќе ја видите вашата нова страна.
За да можете лесно да и приоѓате на страната можете да си направите линк од старата кон новата страна ина тој начин да ја направите дел од вашиот блог.
8. Кликнете на Layout. Се отвора веќе познатото поле кое претходно го користевте за да направите линкови кон вашите материјали што ги објавивте на блогот.
9. Кликнете на Add a Gadget. Оваа постапка веќе ја имавте претходно. Се отвора ново прозорче со сите гаџети на располагање.
10. Скролувајте надолу по списокот се додека не дојдете до опцијата Pages. Се отвора призорче со список на сите страни (Pages to show) кои се на располагање. Чекирајте го квадратчето покрај името на страната чиј линк сакате да креирате.
11. Кликнете на Save. Затворете го тоа прозорче.
12. Автоматски се вративте назад на Layout. ЗАДОЛЖИТЕЛНО кликнете на опцијата Save arrangements горе десно, за да ги зачувате промените кои ги направивте.
13. Отворете го вашиот блог. Во десниот крај од блогот ќе ги видите линковите на сите страни кои сте ги активирале во гаџетот.

Уживајте во блогирањето!

Friday, November 21, 2014

Некои можности на опциите Template и Layout


Вашиот блог може да има многу поинтересен, поорганизиран и попрофесионален изглед. За блогот да ги постигне овие квалитети, за почеток може да се употребат опциите Temlate и Layout.
Откако ќе се најавите на blogger.com и откако ќе отидете на вашиот блог, меѓу другото, на левата страна се појавува следново мени:
Одете на Template. Веднаш десно се појавува копче Customize со портокалова боја. Кликнете на него. На страната горе лево се појавува ново мени:
Опцијата Template овозможува да се менува веќе избраниот изглед на блогот.
Опцијата Background овозможува да се менуваат некои од боите на блогот, меѓу кои и боите на буквите. Внимавајте, ако имате одбрано темплејт со слика, може да се случи да нема никакви или речиси никакви измени.
Опцијата Adjust width овозможува да се менуваат ширините на полето за текст и десниот дел од полето, каде што се наоѓаат линковите.
Опцијата Layout, во делот на Body Layout овозможува да се избере дали ќе има дополнителни колони во блогот, колку ќе бидат и каде ќе бидат распоредени. Во делот на Footer Layout, може да се бира колку колони ќе има во долниот дел (во футерот).
Во Опцијата Advanced, овозможено е да се менува изгледот на сите елементи од блогот.

Изгледот на блогот со внесената промена или промени, може да се види со кликнување на копчето View blog, кое се наоѓа горе десно. Откако ќе се одберат сите дотерувања што треба да бидат внесени во блогот, се кликнува на копчето Apply to Blog, кое се наоѓа во крајниот горен десен агол.

Со кликнување на Back to blogger, се враќа на страната со првото мени. Оттука, со кликнување на Layout се отвора следново поле:
Со кликнување на копчето Add a Gadget, се отвора следново прозорче:
Во прозорчето постојат три списоци со гаџети: Basics, More Gadgets и Add your own. Она што веројатно, секој почетник го користи највеќе е списокот Basic, кој моментално содржи 28 гаџети. Тие овозможуваат вметнување на разни копчиња. Некои од нив се: копче за автоматско преведување на блогот, линк кон Google+, линк кон e-mail адреса, список со популарни постови, статистика на посетители, линк кон другите страни од блогот, копче за претражување, список со линкови кон други надворешни веб страни, документи и друго.
На пример, ако се одбере опцијата Link List, која овозможува да се направат линкови кон било што, се појавува прозорчето:
Во полето Title може да се внесе името на таа група линкови (како што на блогот на работилницата стои насловот Материјали). Во полето New Site Name се впишува насловот на тој линк, оној кој ќе се појави на блогот (како што на блогот на работилницата стои 1. Блогирање). Во полето New Site URL се впишува адресата на линкот каде што се наоѓа бараниот материјал или веб страна. На крајот МОРА да се кликне на копчето Add Link. Со тоа линкот е додаден во списокот. Внимавајте на подредувањето. Секој нов линк Blogger го сместува на врвот на списокот. Во Sorting, може да се одбере линковите автоматски да се подредат по абучен ред, обратен азбучен ред или да не се подредува. Ако е потребно некое друго подредување, тогаш списокот треба однапред да се испланира и да се внесат линковите од последниот кон првиот.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: пред да се излезе од прозорчето на гаџетот мора да да се кликне на копчето Во спротивно, она што е одбрано нема да биде вметнато во Layout.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: На крајот, откако ќе се излезе од прозорчето на гаџетот, мора да се кликне на копчето за да се вметнат сите измени во блогот.

Блогот може да содржи и други страни (Pages) и линкот кон нив да се внесе од списокот со гаџети.
Како се креираат други страни ќе биде објавено на овој блог за неколку дена. Во меѓувреме вежбајте ги можностите од Template и Layout, кои се дадени во овој пост.



Monday, November 17, 2014

Ажуриран список со блогови на 09.12.2014

Ова е апдејтуваната (на англиски) или ако сакате, ажурираната (на француски) листа со вашите блогови. Како што можете да видите, на списокот се 27 блога. Тоа значи дека има уште многу колеги кои сеуште немаат свои блогови или срамежливо ги кријат. Ве молам јавувајте се и испраќајте ги своите блогови, за да можат да добијат на значење, на корисност и на јавност.



На некои од нив колешките/колегите веќе ги постирале фотографиите од работилницата.
За жал, како што знаете, во текот на работилницата се случија многу непредвидени технички проблеми, за кои морам да се извинам уште еднаш. Тие ме ангажираа премногу, така што не успеав да направам ниту една фотографија. Поради тоа сакам да ве замолам да ми испратите фотографии, кои би ги ставил на едно место што ќе биде достапно до сите и кои би биле дел од архивата на работилницата. Ако се премногу за испраќање по e-mail, можете да ги ставите во еден фолдер на dropbox, да ми испратите линк до фолдерот и оттаму ќе можам да ги симнам. За ова ќе ви бидам бескрајно благодарен.

Sunday, November 16, 2014

Трета работилница за современа настава по физика

Третата работилница за совремeна настава по физика под наслов

Примена на ИКТ во наставата по физика

се одржа на 7 и 8.11.2014 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Посетителите на Работилницата имаа можност да следат предавања и практични вежби според следнава програма:
 
Блогирање
Предавач: Аида Петровска
 
Како да се истражува со виртуелни експерименти
Предавач: проф. д-р Оливер Зајков
 
Визуелизација, анимација и интеракција во наставата по физика преку Physlets
Предавач: доц. д-р Боце Митревски
 
Примена на Wolfram Mathematica во наставата по физика
Предавач: проф. д-р Соња Геговска-Зајкова
 
Некои можности на Cloud технологијата
Предавач: проф. д-р Оливер Зајков