Monday, September 14, 2015

Активност за откривање на Кулоновиот закон


Експерименталното откривањето на Кулоновиот закон е невозможно во услови на училишна лабораторија, особено ако станува збор за експериментирање со прирачни средства. За таа цел можеме да искористиме виртуелен експеримент, односно симулација. Во продолжение се предлагаат две активности со кои може да се открие зависноста на електростатската сила од растојанието помеѓу полнежите и зависноста на електростатската сила од количеството електричество.

Упатство за користење на симулацијата
 

2.       На мониторот ќе се појави работната површина како на сликава:
   3. Доле се поставени електрични полнежи: позитивни (црвените кругчиња), негативни (сините кругчиња) и сензори (жолти) за мерење на силата на електричното поле (Sensors). Со drag and drop полнежите може да се постават на работната површина. Исто така со drag and drop полнежите и сензорите може да се вратат во својата кутија.

4. Сензорот за сила е всушност електричен полнеж кој е позитивен и има количество електричество од 1 С. Кога ќе поставиш сензор за сила, ако во близина има електричен полнеж, се исцртува векторот на силата со која полнежот и сензорот си заемодејствуваат. Со менување на растојанието, се менува и должината на векторот. Од должината на векторот може да се открие колку изнесува силата. За таа цел вклучи ја мрежата со помош на копчето grid на десната страна.  
5. Кога се мери должината на векторот, за единица се зема растојанието помеѓу две подебели линии од мрежата. Таа е поделена на пет помали дела. Тоа значи дека еден поделок од мрежата изнесува 0,2 единици. На пример, на сликата горе се гледа дека векторот на силата има должина од околу 2,4 N.

Активност 1: Да се открие како зависиси силата со која си заемодејствуваат два електрични полнежи од растојанието помеѓу нив.
1.       Стартувај го Charges and fields. Исклучи ја опцијата Electric Field, горе десно.
2.       Постави еден позитивен полнеж на крајната лева граница од работната површина. Постави го во пресекот на две подебели линии од мрежата (како на сликата).
3.       Земи еден сензор и постави го десно од полнежот, како на сликата. 

4.     Од алатките кои се десно, земи го метрото 
и измери го растојанието од полнежот до сензорот.
5.     Измери колкава е силата (од должината на векторот на силата)
4.       Запиши ги вредностите за растојанието r и силата F во Excel табелата во документот Zadaca_1.xlsx.
5.       Повтори го мерењето за растојанијата кои се впишани во табелата.
6.       Графикот со мерењата автоматски се исцртува.
7.       Покрај кривата се испишува и изразот која ја дава оваа зависност. ВНИМАВАЈ: Вертикалната оска, на која се наоѓаат податоците за силата, во изразот е претставена како y, а хоризонталната оска, на која се наоѓаат податоци за растојанието, во изразот е претставена со x. Тоа значи дека во изразот y можеш да го замениш со F, а x со r. Замени ги овие симболи во изразот.
8.       Како зависи силата од растојанието? Каков заклучок можеш да изведеш?

Активност 2 Да се открие како зависи силата со која си заемодејствуваат два електрични полнежи од количеството електричество на едниот од полнежите.
1.       Стартувај го Charges and fields. Исклучи ја опцијата Electric Field, горе десно.
2.       Постави еден позитивен електричен полнеж на истото место како и во првиот експеримент. Количеството електричество на полнежот изнесува q=1 nC. 
3.       Постави сензор десно од полнежот, како и во претходниот експеримент, но на растојание од 2 единици (два големи квадрати обележени со подебела линија). Измери колкава е силата.
4.       Запиши ги вредностите за количеството електричество q и силата F во Excel табелата во документот Zadaca_2.xlsx.
5.       Постави уште еден полнеж преку првиот, да се поклопуваат. Измери ја повторно силата и запиши ги вредностите во табелата. Повтори го мерењето за онолку полнежи колку се впишани во табелата.
6.       Графикот со мерењата автоматски се исцртува.
7.       Покрај кривата се испишува и изразот која ја дава оваа зависност. ВНИМАВАЈ: Вертикалната оска, на која се наоѓаат податоците за силата, во изразот е претставена како y, а хоризонталната оска, на која се наоѓаат податоци за количеството електричество, во изразот е претставена со x. Тоа значи дека во изразот y можеш да го замениш со F, а x со q. Замени ги овие симболи во изразот.
8.       Како зависи силата од количеството електричество? Каков заклучок можеш да изведеш?


Wednesday, February 4, 2015

Пример за активност

Од комуникацијата со некои колеги дознав дека во VIII одделение некои ученици стигнале до наставните единици кои се однесуваат на енергија. Тоа ме инспирираше, па во овој пост ви предлагам две активности кои може да ги понудите на вашите ученици. Се разбира тие се само како идеи и може да претрпат измени и прилагодувања, во зависност од децата и условите. Активностите може да одат како посебни, но моќе да одат и во комплет.

Морам да кажам и тоа дека видов нови постови на вашите блогови кои се од овие денови и тоа на
http://tanjafizika.blogspot.com/ и
http://oemucfizika.blogspot.com/
http://aidafizika.blogspot.com/
http://joanaafizika.blogspot.com/

Некои интересни но постари постови од минатата година може да се најдат на
http://vesnairena.blogspot.com/
http://betiorce1.blogspot.com/
http://nikoladelevski.blogspot.com/
http://zoranivanovski11.blogspot.com/
http://gimkocoracin1.blogspot.com/2014/12/blog-post.html
http://biljana-dimova.blogspot.com/

Однапред се извинувам ако сум пропуштил некој блог со нов и добар пост.

Задача 1
Да се открие која е врската помеѓу еластичната силна на деформација на една пружина (силата на затегање на пружината) и издолжувањето на пружината.

Постапка
За да ги реализираш целите на задачата треба да имаш пружина, на неа да дејствуваш со различни сили и да мериш колку се издолжува пружината.
Кликни на Run Now! На работната површина, меѓу другото, се појавуваат три пружини, покрај нив линијар, во долниот дел тегови и на десната страна контролен панел.
1.       Постави го почетокот на линијарот (неговата нула) во рамнотежната положба на првата пружина (испрекинатата линија).
2.       Закачи на пружината тег од 50 g. Почекај малку да се смири осцилирањето на пружината и измери го издолжувањето. Мерењата запиши ги во дадената табела. Откачи го тегот.
3.       Повтори ја постапката за теговите со маси од 100 g и 250 g.
4.       Пресметај го односот од силата (F=mg) и издолжувањето, x. Внеси ги и овие резултати во табелата.
5.       Дали се менува вредноста на односот? Дали тие промени се големи? Дали се доволно мали за да можат да се занемарат? Пресметај ги средната вредност на односот, апсолутната грешка и релативната грешка. Колку проценти е релативната грешка? Што мислиш сега за големината на разликите во мерењата.
Може да се земе дека односот е еднаков на константа, к, односно:
 од каде што следи дека 

Коментар 1: На час кога ќе се дискутираат резултатите, може да се анализираат насоките на силите и да се воведе знакот “-“ во релацијата, со што ќе се добие Хуковиот закон 

Исто така на часот ќе се објасни што е k, односно ќе се воведе поимот константа на пружината.
Коментар 2: Ова оваа активност може да се направат повеќе варијанти. Друга варијанта е да се бара од учениците да ја испитаат пружината бр. 3. За неа може да се менува константата на пружината во контролниот панел со помош на скролот за softness spring 3.

x (m)
m (kg)
F (N)
F/x (N/m)
D( F/x) (N/m)















Средни  вредности







Задача 2
Да се споредат потенцијалната енергија на деформирана еластична пружина и работата извршена за поместување на тегот кој е закачен на пружината.

Постапка
За да ги реализираш целите на задачата треба да имаш пружина, на неа да дејствуваш со различни сили, да мериш колку се издолжува пружината и колку се поместува телото (тегот).
Кликни на Run Now! На работната површина, меѓу другото, се појавуваат три пружини, покрај нив линијар, во долниот дел тегови и на десната страна контролен панел.
1.       Постави го почетокот на линијарот (неговата нула) во рамнотежната положба на првата пружина (испрекинатата линија).
2.       Закачи на пружината тег од 50 g. Почекај малку да се смири осцилирањето на пружината и измери го издолжувањето. Мерењата запиши ги во дадената табела. Откачи го тегот.
3.       Повтори ја постапката за теговите со маси од 100 g и 250 g.
4.       Пресметај ја тежината на тегот (G=mg). Внеси ги вредностите во табелата.
5.       Пресметај ја извршената работа за поместување на тегот (A=Gx) за секое од мерењата. Внеси ги пресметките во табелата.
6.       Пресметај ја потенцијалната енергија на пружината за секое од мерењата. Внеси ги пресметките во табелата.
7.       Спореди ги вредностите на извршената работа и потенцијалната енергија. Дали се разликуваат или не? Ако не се разликуваат, објасни зошто. Ако се разликуваат, провери колку е нивната разлика. Што заклучуваш?

Коментар: Учениците би требало да забележат дека потенцијалната енергија е половина од извршената работа. На часот кога ќе се анализираат резултатите може да се објасни дека формулата која ние ја користевме за пресметување на работата работи со постојана сила. Во случајов силата се менува со издолжување на пружината. Тоа значи дека во формулата треба да сметаме како да сме работеле со средната сила. Ако се земе дека силата се менува рамномерно, тогаш средната вредност на силата можеме да ја пресметаме како средна вредност од почетната (F0=0 N) и крајната вредност, која е различна за секое од мерењата:



Така ќе се добие точната  вредност и точниот резултат.


Monday, January 26, 2015

The Moving Man - Uniform motion

1. Start the Internet browser that you usually use.
2. Click here to get to the The Moving Man simulation
3. Choose tab Introduction.
4. In the field Position, enter 2 (meaning 2 m).
5. In the field Velocity, enter 1 (meaning 1 m/s)
6 . Start button (Play button) is in the middle of the bottom line
7. Start the simulation and after arbitrary random time click on the same button to pause the simulation.
8. Read the position and the time. Put them in the table given in the blog.
9. Repeat the steps 10 and 11 7 times.
10. Make graphical representation of the results in the table i.e. present the dependence of the position on the time.

Пример за вградена CDF симулација во блог


Monday, December 15, 2014

Како да креирате нови страни

Понекогаш имате потреба од други веб страни кои ќе бидат дел од вашиот блог. Сакате материјалите да ги организирате така, што да имате посебни страни за секоја генерација, паралелка, тема и слично. Сакате да имате посебни страни за тестови, активности, домашни задачи, за дополнителни активности, за фотографии од случки... Слично како што овој блог има уште две страни во списокот кој се вика ПРЕТХОДНИ РАБОТИЛНИЦИ, а кои се наменети на првата работилница и втората работилница одржани во 2012 и 2013 година.

Вашиот блог може да содржи повеќе од една страна. Тоа можете да го направите на следниов начин.
1. Најавете се на blogger.com со вашето  корисничко име.
2. Ако имате повеќе блогови, ќе се појави списокот со сите ваши блогови. Кликнете на името на вашиот блог, на кој сакате да му додадете нови веб страни.
3. Ќе се појави веќе добро познатото мени
4. Кликнете на опцијата Pages. Се отвора ново мени веднаш под насловот на вашиот блог.
5. Кликнете на опцијата New Page. Се отвора ново работно поле. Во него можете да работите исто како што работевте со "старата" страна. Се отвора можноста за Page title, каде што всушност го ставате името на вашиот пост од новата страна и можете да додадете нов текст во белото празно поле.
6. Кликнете на Save (десно), за да го зачувате и Publish (веднаш до Save) за да ја објавите вашата нова страна, односно да ја направите активна.
7. Вашата нова страна автоматски добива своја адреса. За да ја видите како изгледа, донесете го курзорот врз името на вашиот нов пост. Веднаш под него се отвораат можностите за Edit, View, Share и Delete. Кликнете на View и ќе се отвори ново јазиче (tab), во кој ќе ја видите вашата нова страна.
За да можете лесно да и приоѓате на страната можете да си направите линк од старата кон новата страна ина тој начин да ја направите дел од вашиот блог.
8. Кликнете на Layout. Се отвора веќе познатото поле кое претходно го користевте за да направите линкови кон вашите материјали што ги објавивте на блогот.
9. Кликнете на Add a Gadget. Оваа постапка веќе ја имавте претходно. Се отвора ново прозорче со сите гаџети на располагање.
10. Скролувајте надолу по списокот се додека не дојдете до опцијата Pages. Се отвора призорче со список на сите страни (Pages to show) кои се на располагање. Чекирајте го квадратчето покрај името на страната чиј линк сакате да креирате.
11. Кликнете на Save. Затворете го тоа прозорче.
12. Автоматски се вративте назад на Layout. ЗАДОЛЖИТЕЛНО кликнете на опцијата Save arrangements горе десно, за да ги зачувате промените кои ги направивте.
13. Отворете го вашиот блог. Во десниот крај од блогот ќе ги видите линковите на сите страни кои сте ги активирале во гаџетот.

Уживајте во блогирањето!

Friday, November 21, 2014

Некои можности на опциите Template и Layout


Вашиот блог може да има многу поинтересен, поорганизиран и попрофесионален изглед. За блогот да ги постигне овие квалитети, за почеток може да се употребат опциите Temlate и Layout.
Откако ќе се најавите на blogger.com и откако ќе отидете на вашиот блог, меѓу другото, на левата страна се појавува следново мени:
Одете на Template. Веднаш десно се појавува копче Customize со портокалова боја. Кликнете на него. На страната горе лево се појавува ново мени:
Опцијата Template овозможува да се менува веќе избраниот изглед на блогот.
Опцијата Background овозможува да се менуваат некои од боите на блогот, меѓу кои и боите на буквите. Внимавајте, ако имате одбрано темплејт со слика, може да се случи да нема никакви или речиси никакви измени.
Опцијата Adjust width овозможува да се менуваат ширините на полето за текст и десниот дел од полето, каде што се наоѓаат линковите.
Опцијата Layout, во делот на Body Layout овозможува да се избере дали ќе има дополнителни колони во блогот, колку ќе бидат и каде ќе бидат распоредени. Во делот на Footer Layout, може да се бира колку колони ќе има во долниот дел (во футерот).
Во Опцијата Advanced, овозможено е да се менува изгледот на сите елементи од блогот.

Изгледот на блогот со внесената промена или промени, може да се види со кликнување на копчето View blog, кое се наоѓа горе десно. Откако ќе се одберат сите дотерувања што треба да бидат внесени во блогот, се кликнува на копчето Apply to Blog, кое се наоѓа во крајниот горен десен агол.

Со кликнување на Back to blogger, се враќа на страната со првото мени. Оттука, со кликнување на Layout се отвора следново поле:
Со кликнување на копчето Add a Gadget, се отвора следново прозорче:
Во прозорчето постојат три списоци со гаџети: Basics, More Gadgets и Add your own. Она што веројатно, секој почетник го користи највеќе е списокот Basic, кој моментално содржи 28 гаџети. Тие овозможуваат вметнување на разни копчиња. Некои од нив се: копче за автоматско преведување на блогот, линк кон Google+, линк кон e-mail адреса, список со популарни постови, статистика на посетители, линк кон другите страни од блогот, копче за претражување, список со линкови кон други надворешни веб страни, документи и друго.
На пример, ако се одбере опцијата Link List, која овозможува да се направат линкови кон било што, се појавува прозорчето:
Во полето Title може да се внесе името на таа група линкови (како што на блогот на работилницата стои насловот Материјали). Во полето New Site Name се впишува насловот на тој линк, оној кој ќе се појави на блогот (како што на блогот на работилницата стои 1. Блогирање). Во полето New Site URL се впишува адресата на линкот каде што се наоѓа бараниот материјал или веб страна. На крајот МОРА да се кликне на копчето Add Link. Со тоа линкот е додаден во списокот. Внимавајте на подредувањето. Секој нов линк Blogger го сместува на врвот на списокот. Во Sorting, може да се одбере линковите автоматски да се подредат по абучен ред, обратен азбучен ред или да не се подредува. Ако е потребно некое друго подредување, тогаш списокот треба однапред да се испланира и да се внесат линковите од последниот кон првиот.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: пред да се излезе од прозорчето на гаџетот мора да да се кликне на копчето Во спротивно, она што е одбрано нема да биде вметнато во Layout.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ: На крајот, откако ќе се излезе од прозорчето на гаџетот, мора да се кликне на копчето за да се вметнат сите измени во блогот.

Блогот може да содржи и други страни (Pages) и линкот кон нив да се внесе од списокот со гаџети.
Како се креираат други страни ќе биде објавено на овој блог за неколку дена. Во меѓувреме вежбајте ги можностите од Template и Layout, кои се дадени во овој пост.



Monday, November 17, 2014

Ажуриран список со блогови на 09.12.2014

Ова е апдејтуваната (на англиски) или ако сакате, ажурираната (на француски) листа со вашите блогови. Како што можете да видите, на списокот се 27 блога. Тоа значи дека има уште многу колеги кои сеуште немаат свои блогови или срамежливо ги кријат. Ве молам јавувајте се и испраќајте ги своите блогови, за да можат да добијат на значење, на корисност и на јавност.



На некои од нив колешките/колегите веќе ги постирале фотографиите од работилницата.
За жал, како што знаете, во текот на работилницата се случија многу непредвидени технички проблеми, за кои морам да се извинам уште еднаш. Тие ме ангажираа премногу, така што не успеав да направам ниту една фотографија. Поради тоа сакам да ве замолам да ми испратите фотографии, кои би ги ставил на едно место што ќе биде достапно до сите и кои би биле дел од архивата на работилницата. Ако се премногу за испраќање по e-mail, можете да ги ставите во еден фолдер на dropbox, да ми испратите линк до фолдерот и оттаму ќе можам да ги симнам. За ова ќе ви бидам бескрајно благодарен.